Search

Евакуирани 5000 луѓе во Москва поради закани за бомба

Поради закана за бомба упатена преку мејл, денеска беа евакуирани околу 5000 луѓе од 10 организации во Москва, соопшти полициски извор за ТАС С.

„Анонимните пораки со закана за бомба, примени се на 10 адреси, вклучително и радиото „Руској“ и трговскиот центар „Центер-Т“ рекол изворот, додавајќи дека полицијата ги проверува дел од зградите и дека не се пронајдени експлозивни направи.

Минатата ноќ, анонимните пораки за закана од бомба беа испратени до московските железнички станици во Јарославск и Киев, како и во два центри за притвор. Сите се покажа дека се лажни.

Треба да знаете
Последни објави