Search

Евакуирани неколку згради на компанијата „Фејсбук“ поради лажна дојава за бомба

Неколку згради на компанијата „Фејсбук“ во Силициумската долина беа евакуирани, по дојдава дека во зградите наводно е поставена бомба, пренесуваат тамошните медиуми.

Веднаш по повикот на терен излегла полицијата која по повеќе часовна потрага открила дека станува збор за лажна дојава, објави Ројтерс.

Фејсбук“ објави дека сите вработени се безбедни и дека им е дозволено брзо да се вратат на работните места.

„За нас, безбедноста и сигурноста на нашите луѓе во компанијата е нешто што ние го разбираме многу сериозно и ние сме задоволни што сите се безбедни. Ние соработуваме со властите со цел да се испита оваа закана и продолжуваме да ја следиме ситуацијата”, соопшти портпаролот на „Фејсбук“.

Треба да знаете
Последни објави