Search

ЕБР интервенира на Боемска бидејќи се бришеле снимки на кои се гледа Мицкоски

Како што пристигнуваат информации единицата за брзо распоредување пристигнала на Боемска и интервенирала во ресторанот каде беше затекнат Христијан Мицкоски. А1он дознава дека ЕБР интервенира бидејќи се бришеле снимки од надзорни камери на кои се гледа дека кафеаната работела а внатре бил Мицкоски.

Освен екипи на ЕБР присутни се и инпекторите на државниот пазарен инспекторат и началникот на СВР Скопје, Ристе Ставревски.

Претходно инспектори на ДПИ биле спречени да влезат во кафеаната бидејќи во внатрешниот дел седел Христијан Мицкоски.

 

Треба да знаете
Последни објави