Search

Дутерте поттикнува убивање на „бескорисните бискупи“ кои само критикуваат

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте е добро познат по својот контроверзен однос со Католичката црква – во една пригода тој дури и го нарекол Бог глупав, а го доведува во прашање и концептот на првобитниот грев и други клучни принципи на религијата.

Во говорот во средата во претседателската палата, Дутерте ги критикуваше католичките бискупи на својата земја нарекувајќи ги бескорисни будали, и го повика својот народ да ги убие, пренесува „Спутник“.

„Овие епископи што ги имате, треба да ги убивате, тие се бескорисни будали. Тие само критикуваат”, изјави лидерот на Филипините.

Дутерте потоа ја нарече Католичката црква најхипоктритичка институција и рече дека неговиот Бог е различен од оној во кој веруваат католиците.

Никогаш не сум рекок дека не верувам во Бога. Реков ддека вашиот Бог е глупав, а мојот има здрав разум. Тоа им го кажав и на епископите. Никогаш не реков дека сум атеист “.

Ова не е првпат Дутерте, кој е католик, да употреби остри зборови против бискупите. Тој претходно беше налутен од отворените критики на некои бискупи за неговата политика за остри мерки против дрогата.

Во ноември, филипинските медиуми објавија дека Дутерте го предизвикал епископот Пабло Вирџилио Давид од Калоокан, велејќи дека се сомнева оти тој е по нелегалните дроги.

Филипините се мнозинскиа католички нација, со над 86 отсто од населението (околу 76 милиони луѓе) кои практикуваат римокатолицизам.

Треба да знаете
Последни објави