Search

Дуковски: Камчев тврди дека 700.000 евра биле извадени од банка, а ОЈО никаде нема изводи

Адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски го оспори кредибилитетот на сведокот Орце Камчев и укажа дека Судот не може да ја носи пресудата врз основа на неговиот исказ бидејќи тој се претставил како оштетен за да си ја олесни положбата во Империја.

-Орце Камчев тврди дека дал 500.000 евра, а Ана Камчева сведочеше дека дале 350.000 евра, а остатокот може го дал Кичеец. Кичеец, пак, вели дека на два пати биле дадени парите и тоа во канцеларијата на Боки, во ноември 2018 и јануари 2019 година. Како може да било така кога Боки бил на операција и лежел во болница?, прашува Дуковски.

Според него, не може судот пресудата да ја темели врз исказот на оштетениот Орце Камчев, врз која и лежи обвинението.

– Тој дава еден куп различни изјави. Вика парите се од банки, дел од личните сметки на неговата мајка и сестра, а сопругата вели нешто друго. Русковска рече дека знаеле дека Камчев повлекува пари од банка, но мислеле дека се подготвува за бегство. Но не е битно дали биле од фирмите или од други сметки, ние немаме потврда или извод дека парите се извадени. Немате документ дека се сменети 725.000 евра во менувачница, вели Дуковски.

Според него, обвинителството не успеало ниту да ги договори сведоците да дадат исти изјави, а до денеска не успеавме да разбереме што марка е портокаловиот автомобил на Кичеец.

– Сергеј Варошлија сведочеше дека Ана Камчева не носи торба, или ташна кога ги носела парите кај Боки, што го тврдеше и возачот на Боки, ама Русковска не убедуваше дека 350.000 евра имала во несесер. Камчеви го пријавиле случајот на Горан Николовски од УБК, а тој требало да го информира БЈБ за изнудата, а тој не го прави тоа поради наводна недоверба во системот чиј дел е самиот па нема ни белешка за тоа. Се бисер до бисер врз кој се темели обвинението, рече Дуковски.

 

Треба да знаете
Последни објави