Search

ДУИ ќе учествува на изборите за градоначалници во Дебар и Охрид

Централниот совет на Демократската унија за интеграција на денешната седница во Тетово едногласно донесе одлука за учество на локалните избори во Дебар и Охрид.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, предложи Централниот изборен штаб да го основа потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, додека Централниот совет едногласно ја поддржа одлуката.

Централниот совет, исто така, едногласно го поддржа концептот на заедничкиот консензуален кандидат и кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата.

Советот одлучи и Собранието на Форумот на Жени на ДУИ да се одржи на 14 април во Скопје, додека Собранието на Младинскиот Форум на ДУИ да се одржи во Тетово. Процесот на регистрација на членството ќе започне веднаш и ќе трае до крајот на месец март.

Треба да знаете
Последни објави