Search

ДУИ: Инвестицискиот циклус од 3,1 милијарди евра во следните 5 години, ќе овозможи подобар живот за сите граѓани

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) го поздравува усвојувањето на Предлог-буџетот од страна на Владата, имајќи предвид дека овој Буџет вклучува неколку столбови кои се од суштинско значење за справувањето на земјата со влијанието на глобалната пандемија, но и закрепнувањето на домашната економија, велат од партијата.

„ Ова го велиме со оглед на тоа што клучните аспекти на овој Буџет се темелат на здравствена заштита, како и економското закрепнување и нејзиниот раст. Нагласуваме дека ова е прв пат во историјата на земјата за еден буџет да не биде за 12 месеци, туку да биде 5-годишна проекција.

Со оваа стратегија на буџетот се предвидува во следните 5 години да започне циклус на инвестиции од 3,1 милијарди евра, исто така, за проекти во патна и железничка инфраструктура, енергетска и општинска инфраструктура, како и капитални инвестиции, што неопходно ќе ги подобри условите. во здравството, образованието, земјоделството, заштитата на животната средина, итн.
Го потенцираме ова со оглед на тоа што со овој Буџет е планирано само во 2021 година, преку Буџетот да се инвестираат 374 милиони евра за капитални расходи или 20% повисоки во споредба со 2020 година.

Во областа на патната инфраструктура, во наредниот период се планираат инвестиции во проекти како што се: Изградба на автопатот Скопје-Блаце, изградба на автопатот Кичево-Гостивар, подобрување на патната инфраструктура на општините во Република Северна Македонија, преку Проектот за локални патишта, финансирање на Коридорот VIII преку делницата Куманово-Ранковце, Ранковце-Крива Паланка, Крива Паланка до границата со Бугарија, финансирање на делницата Кичево-Охрид, проширување на автопатот Тетово – Гостивар, како и на проектот за брз автобуски превоз на територијата на Градот Скопје.

Во областа на железничката инфраструктура, се планира да започне проектот за изградба на железничката пруга Кичево – границата со Албанија, како и финансирање на трите фази на изградба и рехабилитација на источниот дел на железничката пруга – Коридор VIII, делот кон Бугарија.

Во областа на гасификација, изградбата на главните гасоводи, делница Скопје-Тетово, Гостивар – Кичево, изградбата на поврзувачки гасовод меѓу Република Северна Македонија и Република Косово, како и изградбата на поврзувачки гасовод меѓу Република Северна Македонија и Република Грција.

Во областа на креирањето на инфраструктура за собирање и третман на отпадните води и создавање на интегриран и финансиски одржлив систем за управување со отпад, кој ги исполнува барањата на ЕУ како важни капитални проекти што ќе се финансираат преку ИПА 2 Програмата, во периодот 2020-2025 година се: Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Град Скопје, Проект за изградба на пречистителна станица за отпадни води и санација и проширување на канализационата мрежа во Општина Тетово, санација и проширување на канализационата мрежа во Општина Кичево, подготовка на проектна документација за подобрување на инфраструктурата за собирање и третман на отпадни води, и водоводна мрежа во општина Арачиново.

Сите овие проекти ќе придонесат за побрз и постабилен економски раст по надминување на кризата со Ковид-19, која за 2021 година е предвидена да расте за 4,1%, по што, во 2022 година, се очекува раст од 4,6%, во 2023 година од 5,2%, во 2024 година од 5,6%, и во 2025 година од 5,9%. Проекцијата за 2025-2030 година е просечен економски раст од 5,75%“ додаваат од ДУИ.

Треба да знаете
Последни објави