Search

Др-Сашо Дохчев: Македонија на деветто место по трансплантација на бубрези во светот

Бубрежната трансплантација е најдобар третман за пациентите со хронична бубрежна слабост. Здравствено-економските податоци ја фаворизираат трансплантацијата во споредба со било кој тип на дијализна процедура. Последните години напредокот во трансплантацијата на органи и ткива ги надмина очекувањата на повеќето хирурзи, лекари и имунолози. Овој прогрес е резултат на развојот на текстовите за компатибилност на ткивата, складирањето на органите, хируршката техника, имунологијата и развојот на имуносупресивните лекови- вели за 24 инфо доктор Сашо Дохчев, шеф на тимот за трансплантација на Клиниката за нефрологија и директор на урологија во Скопје.

Во Македонија првата трансплантација на бубрег од жив дарител е направена од 1977 година од доктор Влашки и трае до ден денешен со вкупен број од 407 трансплантации од кои 45 од кадавер. Целиот овој период од четириесетина години може да се подели во три развојни периоди секој од свој аспект со многу значајна историска важност. Посебен осврт со анализа на сите предизвици со кои како тим за трансплантација се соочивме ќе дадеме на периодот од март 2012 год.(од кога сум шеф на тимот за трансплантација)  до денес. Овој (рекорден период од 22 март 2012 год. до денес)го нарековме ,,нова ера,, на полето на Трансплантација на бубрези кога за многу краток временски период од три години и три месеци драстично се зголеми бројот на трансплантации вкупно 110 (15 кадаверични) или нешто повеке од 33 трансплантации во тек на една календарска год. и тоа со извонредна успешност и компликации од десетина проценти што е и светски просек. За вака успешната работа стигна и најголемото признание досега кога светската агенција за регистрација на бројот на извршени  трансплантации и органодарителство( IRODAT) за резултатите постигнати за ,,Living donor,,трансплантација во 2013 год.(35 трансплантации) Македонија ја рангираше на 9 место на светската ранг листа, а на 5 место во Европа.

-Секогаш се поставува вечното прашање- можеме ли подобро?

Секако дека можеме. И покрај вака успешната приказна за трансплантацијата на бубрези во Македонија досега, треба да се вложат уште поголеми напори за популаризација и зголемувањето на јавната свест за органодарителството. Тоа е како највисок степен на хуманост, од сите релевантни чинители во општеството(Владата на Р.Македонија, Министерството за здравство, граѓанските асоцијации-Нефрон, невладиниот сектор, медиуми)  за зголемување на бројот на бубрeжните трансплантации од жив дарител, a особено да се создадат предуслови за уште поуспешна програма на кадавери на трансплантација што би опфатило постојано aжурирање на официјалната листа на кандидати за трансплантација. Исто така би се овозможила поголема организациона и инфраструктурна мрежа зголемување на јавната свест за бројот на потенцијални лица со можност на смрт (со објаснување дека тоа е  смрт на пациентот) преку перманентна медицинска презентација со кампањи, стручни форуми, јавни дебати, симпозиуми, конгреси и како врвен приоритет во блиска иднина неминовно членсво во Европското здружение EUROTRANSPLANT.

Се надеваме дека дека можеме да прераснеме во регионален центар за трансплантација на бубрези, да ја поттикнеме и помогнеме регионалната соработка и да ја возобновиме можноста за трансплантација на пациентите сo хронична бубрезна болест од соседните земји Албанија и Косово и евентуално да етаблираме регионална мрежа за обезбедување на органи со практикување на можна размена на органите.

 Кои се најчести донори на бубрези, дали се лица од истото семејство или пак се бараат донори од страна?

-Најчести и единствено законски можни донори за ,,Ливинг донор трансплантација,, се лица од најтесното семејство, било да се крвно поврзани (родители-деца,браќа, сестри, брат-сестра или обратно) или емотивно поврзани(сопрузници-могу почести дарители се сопругите отколку сопрузите,баба или дедо на зет,свекор или свекрва на снаа,девер-снаа или обратно, зет-шура).Секое дарување на бубрег од непознати живи дарители е законски забрането и се смета за можна трговија со органи и со тоа можно стекнување на противправна финансиска корист.

Има ли во земјава кадаверична трансплантација?

-Да, само во последните три месеци направивме 6 кадаверични трансплантации.Секако дека тој програм треба уште повеке да се развие на ниво на државна организација. Инаку ние како хируршки тим сме комплетно кадровски и технички спремни(што впрочем го докажавме и досега со успешно обавените кадаверични трансплантации).

Во каква здравствена состојба се оперираните пациенти после операцијата и колку време им е потребно истите да закрепнат целосно?

-Оперираните трансплантирани  пациенти се во одлична здравствена состојба по напуштањето на нашиот Центар за трансплантација  и веке по неколку месеци се спремни да продолжат со обавување на секојдневните животни и професионални обврски секако со соодветна имуносупресивна терапија.

Кој е најмладиот, а кој најстариот пациент кај кого е направена трансплантација до сега?

-Најмладиот пациент е 18 годишно момче, а најстариот е 58 годишен маж,а најмлад дарител е 33 годишна сопруга која даруваше бубрег на својот сопруг, а најстар дарител е 83 годишна мајка која даруваше бубрег на својот син.

Има ли надеж за сите кои чекаат трансплантација 

-Секако,за ,,Ливинг донор трансплантација,,чекаат неколку пара за операција и ке бидат оперирани до средината на месец април и уште неколку пара се во фаза на завршни испитувања. Што се однесува до кадаверичната трансплантација тоа го кажавме дека треба државните институции, впрочем и целото општество и ние како стручни лица уште поинтензувно да се вкулучиме во промоција на органодарителството  како највисок степен на хуманост,со што би се зголемил и бројот на ваквите трансплантации.Инаку на листата за кадаверична трансплантација чекаат околу 80-тина пациенти на дијализа.

Од крвно поврзаните парови најчесто даруваат родителите на своите деца (најчесто се мајките),а од емотивно поврзаните најчесто се сопругите на своите сопрузи.

Мажите и карциноми на простата. Кој е најмладиот пациет кај кој сте дијагностициале карцином? 

-Свеста кај мажите за редовни прегледи за простата се зголемува од година во година (и тоа е податок што радува).Секако цел на ваквите редовни прегледи е што порано откривање на карциномот на простата, кој во оваа фаза на рано откривање и радикално  оперативно лекување се лекува со приближно 100% успешност.Најмлад пациент кој го имам јас дијагностицирано и оперирано од карцином на простата е маж на 45 годишна возраст пред 8 години и пациентот е во одлична здравсвена состојба до денес.

 Има ли зголемување на бројката на заболени 

-Бројката на заболени е во пораст но тоа веројатно се должи и на податокот за успешното дијагностицирање во рана фаза и успешноста на нашите радикални оперативни зафати.

Валентина Ангеловска

фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави