Search

Др- Дохчев: Пациентите кои добија бубрег од донор за една недела ќе си заминат дома

Последните години напредокот во трансплантацијата на органи и ткива ги надмина очекувањата на повеќето хирурзи, лекари и имунолози. Во услови на пандемија со ковид 19 во земјава се направени четири кадаверични операции од кои три успешни. Доктор Сашо Дохчев, шеф на тимот за трансплантација на Клиниката за нефрологија и директор на урологија во Скопје за 24 инфо вели дека е задоволен од целиот процес бидејќи се работи под посебни услови, а пацинетите се во добра состојба. Според него последните двајца пациенти за една недела веќе ќе бидат на домашно лекување бидејќи операцијата поминала одлично и опоравувањето во такви услови е многу побрзо.

– Многу сум задоволен со оглед на тоа што работиме во услови на ковид-19. Успеавме да направиме кадаверични трансплантации бидејки Ливинг- донор трансплантацијата моментално е стопирана, не само кај на туку и во многу европски земји.

Колку вакви операции се направени во Македонија?

Досега има 47 кадаверични операции од кои во последниве неколку години се 25. Вкупно се 425 трансплантации досега направени во нашата земја.

Во каква здравствена состојба се оперираните пациенти после операцијата и колку време им е потребно истите да закрепнат целосно?

Последниве двајца пациенти се во добра состојба секојдневно имаат по 3-4 литри диуреза( што е одлично), а со тоа и во континуитет се намалуваат деградационите продукти во крвта
Ако нема посериозни компликации опоравувањето го очекувам за една недела кога можеме да ги пратиме на домашно лекување.

Кои се најчести донори на бубрези, дали се лица од истото семејство или пак се бараат донори од страна?

За Ливинг- донор најчести се донори крвно поврзани и фамилијарно поврзани, (тоа е всушност и законската одредба кој може да дарува орган). Лица од страна неможат законски да даруваат органи за Ливинг донор трансплантација. Врската е родители-деца,браќа, сестри, брат-сестра или обратно) или емотивно поврзани(сопружници-могу почести дарители се сопругите отколку сопрузите ,баба или дедо на зет, свекор или свекрва на снаа, девер-снаа или обратно, зет-шура).Секое дарување на бубрег од непознати живи дарители е законски забрането и се смета за можна трговија со органи и со тоа можно стекнување на противправна финансиска корист.

Колку лица во моментов чекаат бубрези?

За кадаверична околу 80 лица чекаат трансплантација. Поточна евиденција имаат колегите од Нефрологија бидејки тие ги спремаат пациентите пред да дојдат кај нас за операција, а за ливинг донор има неколку спремни пара за трансплантација бидејки сега е моментално е стопирана поради ковид кризата

Кој е најмладиот, а кој најстариот пациент кај кого е направена трансплантација до сега?
Најмлад пациент е 17 години, а најстар 65 год.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави