Search

Дрогба: Сакам да плачам, Салах ќе ми ги урне сите рекорди!

Некогашниот напаѓач на Челзи и на репрезентацијата на Брегот на слоновата коска, Дидие Дрогба, ја коментираше играта и формата на египетскиот голгетер на Ливерпул, Мохамед Салах, со кого заедно беа членови на Челзи во 2014/2015, но никогаш не заиграа заедно. Салах тогаш беше позајмен во Фиорентина.

„Ако продолжи да игра така, ќе ги урне сите мои рекорди. Ми доаѓа да заплачам“ – се пошегува рогба.

Во октомври, Салах беше прогласен за најдобар африкански голгетер во историјата на Премиерлигата. Дрогба во англиската лига даде 104 гола на 254 меча.

Салах има 108 голови на 167 мечеви. Дрогба и понатаму е најдобар африкански стрелец во историјата на Лигата на шампионите со 44 погодоци, додека Египќанецот во моментов е на 33.

Треба да знаете
Последни објави