Search

Државните службеници во Грција започнаа 24-часовен штрајк

Вработените во јавниот сектор во  Грција започнаа 24-часовен штрајк, со кој се очекува да се наруши јавниот превоз и другите услуги, барајќи, меѓу другото, и подобра заштита од коронавирус на работното место.

Сообраќајот на траектите, како и на метрото и трамвајот во Атина е запрен, а автобусите сообраќаат и денес.

Летовите, кои беа откажани порано, повторно се во функција затоа што контролорите на летот го откажаа штрајкот откако судот пресуди дека нивното учество во штрајкот е незаконско.

Грчките новинари ќе престанат да работат два часа и нема да емитуваат вести.

Синдикатите на државните службеници повикаа на штрајк за низа барања, вклучително и зголемена заштита од коронавирус на работното место и во училиштата, масовно вработување во јавниот превоз и во здравството и зголемени плати за државните службеници.

Вработените во јавниот превоз исто така бараат работниците да бидат тестирани на Ковид-19 на трошок на нивните компании.

Грција забележа значително зголемување на бројот на заразени со коронавирус и смртни случаи кои го оптоваруваат здравствениот систем на земјата.

Грција во моментов има повеќе од 97.000 потврдени случаи на коронавирус, а нешто повеќе од 1.900 луѓе починаа во земјата со 11 милиони жители. Според податоците објавени синоќа, скоро 600 лица биле интубирани во одделенијата за интензивна нега низ целата земја.

Треба да знаете
Последни објави