Search

До 26 септември аудиција за фестивалот ,,Поточиња”

Од денеска до 26 септември 2019 година во Основното училиште „Љубен Лапе” во период од 18 до 19 часот ќе се одржи Аудицијата за нови членови на детскиот фестивал „Поточиња”.

Секое дете на возраст од 5 до 10 години што сака да биде дел од претстојното 17. издание „Поточиња 2020″ потребно е да подготви една омилена песничка и со широка насмевка да се претстави на аудицијата. Сите заинтересирани за повеќе информации може да се обратат на телефонскиот број: 072 210 660 или на e-пошта: produkcijapap@gmail.com.

Организаторот на фестивалот, „Пап продукција“, информира дека 17. издание на „Поточиња” традиционално ќе ја најави пролетта во Скопје и ќе се одржи во месец март 2020 година

Треба да знаете
Последни објави