Search

Доњецката Народна Република ја утврди државната граница

Парламентот на самопрогласената Доњецка Народна Република усвои закон за државната граница со кој се утврдени границите на ДНР во Доњецката област, соопшти претседателот на Народниот совет, Владимир Бидјовка.
Документот е разгледан на пленарното заседание на парламенот.
„Со овој закон не се заобиколени луѓето што живеат на територијата која е под привремена контрола на Украина. Границата е утврдена на територијата на Доњецката област. Законот предвидува дека границата ќе се наоѓа на линијата на разгранучување се додена не се реши ситуацијата меѓу Украина и Доњецката Народна Република“, рече Бидјовка.
Тој истакна дека законот не е во спротивност со Минскиот договор, а ќе стапи на сила откако ќе биде потпишан од шефот на ДНР, Денис Пушилин.
Во април 2014 година, украинските власти покренаа воена операција против Луганската и Доњецката Народна Република кои прогласија независност по државниот удар во Украина во февруари 2014 година.
Според последните податоци од ОН, околу 13.000 луѓе загинале во текот на судирите. Контакт групата за решавање на овој судир од септември 2014 година усвои три документи кои ги регулираат чекорите за решавање ба ситуацијата.

Треба да знаете
Последни објави