Search

„Дојче банк“ давала скапи подароци за кинески функционери за да се наметне како главен играч

Дојче банк давала скапи подароци за високи кинески функционери во времето кога се обидувала да се наметне како главен играч во кинеската финансиска индустрија, јавија повеќе медиуми.

Германскиот Зидојче Цајтунг и Њујорк Тајмс исто така велат дека банката вработувала деца на кинески политичари односно претставници на економската елита.

Во изјавата на „Дојче банк“ по однос на ова прашање се вели дека станува збор за настани кои датираат од 2002. година и се однесувале на тоа време.

Банката исто така додава, без дополнителни објаснувањa, дека само идентификувала, темелно го испитала и ги известила надлежните органи за одредено однесување.

Неповрзано со првиот случај, банката објави дека до крајот на годината ќе престане да извршува парични трансфери до банките во Малта поради сознанија за можно перење пари во оваа островска земја.

Треба да знаете
Последни објави