Search

Донаторска конференција: Над милијарда евра собрани како помош за Албанија

Вкупно 1,15 милијарди евра помош на Албанија се собрани на меѓународна донаторска конференција „Заедно за Албанија“, соопшти европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеј во Брисел.

Донаторската конференција се одржува за помош на Албанија, која на 26 ноември беше погодена од силен земјотрес, во кој загинаа 51 човек, а илјадници останаа без покрив над главата.
Конференцијата ја отвори претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. Во име на институцијата којашто ја предводи таа вети 100 милиони евра од европскиот буџет за помош на Албанија. Албанскиот премиер Еди Рама се заблагодари на донаторите и рече дека не очекувал толкава сума. Проценките се дека штетите од земјотресот се околу милијарда евра.

Треба да знаете
Последни објави