Search

ДОМ: Екологијата да стане државен приоритет и да не се третира како непотребен трошок

Граѓаните бараат брза и ефикасна испорака на ветеното, па сите политички фактори треба да се вложат целосно, за да ја извлечат државата од зона на чекање, во зона на надеж.

Ова беше генералниот заклучок од вчерашната седница на Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на Македонија), по дискусиите за политичката состојба во земјава и за неопходните чекори што мора да ги направат институциите на кус и на среден рок.

„Една од критичните точки, на која има огромен број граѓански поплаки, е и екологијата во најшироката смисла. ДОМ, како зелена партија, го споделува незадоволството од третманот на екологијата во вкупните политики, каде на неа се гледа како на непотребен потрошувач, а не како реална потреба и инвестиција во здравјето и квалитетниот живот на граѓаните. Екологијата се уште им пречи на поединци и групи, на кои бизнисот им е пред здравјето“, наведуваат од ДОМ.

Од партијата бараат екологијата да стане државен приоритет во вистинската смисла, како што е зацртано и договорено во предизборните програми.

„Тоа значи почитување на основните начела за заштита на животната средина, почитување на експертските мислења во оваа сфера, доследна примена на законите кои на солиден начин ја регулираат, како и носење на законски и подзаконски акти секаде каде што фалат“, се вели во партиското соопштение.

Треба да знаете
Последни објави