Search

Домаќините на финалните мечеви од Лига на нации ќе се одредат со ждрепка на 22 ноември

Редовните квалификации за пласманот на завршницата од јубилејното ЕП-2020 кое ќе се одржи од 12 јуни до 12 јули во 12 градови на „стариот континетн“ влегуваат во завршна фаза. По одигрувањето на 8. коло во групите пласман на завршниот турнир виза обезбедија шест селекции: Украина, Шпанија, Полска, Белгија, Русија и Италија.
Последните две кола ќе се одиграат во ноември кога ќе бидат познати сите учесници од квалификациите, па ќе останат да се докомплетира бројот на учесниците со завршувањето на Лигата на нациите.  Македонија во групата Г од редовните квалифиакции за ЕП теоретски може да стигне до второто место, но реално е далеку од овој пласман и целосно ќе треба да се посвети да ја искосристи втората шансата преку разигрувањето во Лигата на нациите за да избори историско  учество на ЕП.

Завршницата од Лигата на нациите е планирана во март идната година. Од тоа кој ќе обезбеди директен пласман на ЕП преку квалифиакциите ќе зависи и кои селекции ќе добијат втора шанса преку разигрување за пласман на ЕП.

Во полуфиналето на плејофот од ЛН се игра еден меч, на теренот на подобропласираната селекција во вкупниот пласман во секоја од сегментите во лигите А, Б, Ц и Д.

Македонија според постигнатите резултати во групата од ЛН сигурно ќе биде домаќин на полуфиналниот меч од сегментот Д. И финалните пресметки ќе бидат со еден меч, а домаќините ќе бидат одредени со ждрепка на 22 ноември годинава. Четирите победници од сегментите во лигите А. Б. Ц и Д ќе се пласираат на завршницата од ЕП 2020, каде што пласман претходно ќе верификуваат низ квалификациите првопласираните две селекции од секоја од десетте групи.

Според сегашниот пласман во квалификациите можни учесници во плеј-офот од ЛН се:

Лига A: Швајцарија, Исланд, Бугарија/Израел/Романија*

Лига Б: БиХ, Велс, Словачка, С. Ирска

Лига Ц: Шкотска, Норвешка, Србија, Бугарија/Израел/Романија*

Лига Д: Грузија, Македонија, Косово, Белорусија

Ако редоследот во квалифиакциите остане ваков и по комплетирањето на групните натпреварувања би се влечела ждрепка за да се одреди која од селекциите на Бугарија, Израел и  Романија ќе игра во плејофот од лигата Ц, а кој во лигата А.

Учесници во полуфиналното разигрување според резултатите од сегментите во ЛН се:

Лига А: Португалија, Швајцарија, Холандија, Англија

Лига Б: Украина, Данска, БиХ, Шведска

Лига Ц: Шкотска, Финска, Норвешка, Србија

Лига Д: Македонија, Косово, Грузија, Белорусија

Треба да знаете
Последни објави