Search

Доктор од Холандија со своја семена течност зачнал 200 деца

Семејство на починат лекар кој работел во клиника за плодност, а за кој има сомнение дека семената течност на донаторите ја заменувал со своја и така зачнал околу 200 деца, со одлука на судот ќе мора да предаде негов ДНК материјал на тестирање, пишува Си-ен-ен.

Холандскиот суд одлучил така поради барање на група составена од 22 потенцијални деца на докторот.

Станува збор за лекарот Јан Карабат кој починал во 2017 година на возраст од 89 години и долго време бил осомничен дека користил негова сперма за да ги оплоди жените клиенти на клиниката, но тој категорично ги негирал сите обвиненија.

Судот во средата донесе одлука дека семејството на Карбат мора да дозволи земање и тестирање на примерок од неговата ДНК. Имено, веќе е утврдено релевантно биолошко совпаѓање на ДНК примерок од неговиот син, кој е се уште жив, со 47 лица кои лекарот помогнал да бидат зачнати.

Според документарец емитуван во Холандија, во кој се обработувал случајот, постои можност дека Карабат на овој начин зачнал околу 200 деца.

Судот, исто така се согласил дека неспорно е оти деца на многу клиенти на клиниката во изгледот имаат сличности со доктор Карабат.

Карбат со децении работел како лекар за плодност, најпрво во болници, потоа во клиника во Ротердам, а подоцна во истиот град отворил и своја сопствена клиника за плодност.

Треба да знаете
Последни објави