Search

Докторот кој ја породил родилката „бегалка“ од ГАК позитивен на Ковид 19

Докторот кој ја породи родилката која лажела дека нема позитивен на Ковид 19 во семејството и од Гинеколошката клиника заминала за да се породи во Ремедика, е позитивен на коронавирус, пренесе Фронтлајн.

Докторот за „Фронтлајн“ кој изјавил дека не е толку гневен на пациентката, бидејќи секој си бара решение, ќе лаже, ќе манипулира, сè ќе направи, но зачуден е од односнот на неговите колеги од ГАК.

– Меѓутоа, во време на пандемија, во вонредни услови, некои права се суспендираат. Такво е и правото на користење здравствени услуги, да се прави избор. Со владина уредба сега изборот нѝ е малку поинаков. Ако со владина уредба таа институција е одредена за третман на трудници со Ковид, како ја пуштаат, каде ја пуштаат, каде, во Кожна клиника?! Четири куќи се во Скопје кои се бават со гинекологија. Зарем не требаше, од колегијалност, од етички причини, да се сврти телефонот кај останатите три гинекологии и да се каже – колеги, таа и таа излезе од кај нас, вардете се, ќе ве лаже и вас, што, всушност, и се случи. Не ми е јасна постапката на колегите од ГАК. Во ГАК и даваат за право да потпише некоја изјава, која, патем, сега веќе ја нема, и да си замине од болницата, вели докторот.

 

Треба да знаете
Последни објави