Search

Доколку се плашите од турбуленции во авион тогаш секогаш треба да го изберете ова место за седење

Стјуардесите знаат најмногу за авионите па бидејќи се согласија да ја кажат тајната ние сега знаеме кое е најмирното место во авионот.

Доколку се плашите од летање тогаш добро ќе ви дојдат неколку корисни совети за тоа на кое место треба да седите. Доколку турбуленциите ве прават анксиозни и нервозни тогаш треба да се потрудите патувањето да ви биде што поудобно.

Најважно е да го изберете вистинското седиште.

Стуардот во пензија, Мет, открил дека луѓето кои се плашат од турбуленции треба да бираат седишта кои се наоѓаат во близина на кокпитот затоа што тоа е дел од авионот кој најмалку е изложен на случувањата кои се одвиваат надвор. Седете што понапред и ќе бидете поштедени од непријатности.

Доколку сакате турбуленциии сакате да почувствувате сè тогаш треба да седите што поблиску до задниот дел на авионот. Доколку сите седишта напред се зафатени тогаш изберете ги средните. Кај комерцијалните летови и седиштата кои се во близина на крилата на авионот се поудобни и нудат поголема стабилност.

Средината на авионот е најпријатна затоа што таму е распореден притисокот и гравитацијата па затоа летот ќе ви биде попријатен. Турбуленциите не се нешто поради кое треба да се плашите и потресувате. Сето тоа е целосно нормално, опуштете се и уживајте во летот.

Треба да знаете
Последни објави