Search

Додека Заев и Спасовски танцуваат со короната, граѓаните не знаат како ќе го поминат месецот

Соопштение до јавноста-реакција на прес конференција на Фатмир Битиќи

 

Граѓаните и бизнис секторот во овие тешки времиња се оставени на милост и немилост. Се соочуваме со светска пандемија на опасниот коронавирус, но и со економска криза од досега невидени размери, а мерките на Владата немаат никаков ефект.

Неспособноста на СДСМ секојдневно не чини човечки животи и работни места. Бројот на наши сограѓани кои што се оставени без парче леб од ден во ден е се поголем, бројот на заболени од коронавирусот секојдневно расте, а Владата нема јасна стратегија за справување со ситуацијата.

Република Македонија ја очекува економска апокалипса доколку Владата не ја разбере сериозноста на ситуацијата.

Додека Заев и Спасовски танцуваат со короната, граѓаните не знаат како ќе го поминат месецот. Суетата на врхушката скапо ја чини државата. Владата на СДСМ и натаму одбива да ги прифати економските мерки кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, мерки за спас на економијата.

Висината на дупката во буџетот се менува од ден за ден, а причината за ова е неработењето, корумпираноста и несериозноста на владата предводена од СДСМ.“

Треба да знаете
Последни објави