Search

Договор за соработка за раземна на пензиски податоци меѓу Северна Македонија и Косово

Договор за соработка потпишаа денеска Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (ФПИОСМ) и Департментот за пензии при Министерството за труд и социјална политика на Република Косово (ДП-МТСП-РК). Договорот има за цел да обезбеди помош и поддршка при електронската размена на податоците во областа на пензиското и инвалидското осигурување меѓу двете институции и воспоставување меѓусебни односи, за да се олесни остварувањето на правото на пензија без прекин за корисниците на пензија во овие две земји.

-Договорот за соработка ќе овозможи електронска размена на податоците во областа на пензиското и инвалидско осигурување меѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Департаментот за пензии при Министерството за труд и социјална политика на Република Косово и ќе придонесе за олеснување на остварувањето и користењето на правата од пензиското и инвалидско осигурување, со цел намалување на административните трошоци, спречување на незаконски исплати на пензиите и другите приходи од областа на пензиското и инвалидско осигурување, како и контрола на податоците кои се предмет на размената, сооприја од Фондот за пензиско-инвалидско осигурување.

Договорот го потпишаа директорот на Департментот за пензии при Министерството за труд и социјална политика на Република Косово, Бахри Џафери и директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Шаип Зенељи.

Треба да знаете
Последни објави