Search

Директор на разузнавачката заедница: Кина и Русија најголема закана за САД

Русија и Кина претставуваат најголема закана за САД во однос на шпионажа, кибер напади и нивна подобра соработка отколку во претходните неколку децении, изјави директорот на американската разузнавачка заедница Ден Коутс.

– Кина, Русија, Иран и Северна Кореја се повеќе користат кибер операции, за да им се заканат и на нашите умови и на машините на се поголем број начини – за да крадат информации, да влијаат врз нашите граѓани, да ја попречуваат клучната инфраструктура, рече Коутс во своето сведочење пред Разузнавачкиот одбор на американскиот Сенат.

Тој истакна дека Москва и Пекинг сега се поблиски отколку во претходните децении.

Треба да знаете
Последни објави