Search

Директорот на „Шутка, Котевски ќе поднесе оставка

Директорот на истражниот затвор во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски ќе поднесе оставка откако тоа од него го побараа премиерот Зоран Заев и министерката за правда, Рената Десковска по вчерашниот инцидент во кој беа нападнати поранешните министрите Миле Јанакиески и Спире Ристовски.

Оставката најави дека ќе ја поднесе во понеделник до кога очекува да заврши и внатрешната истрага за одговорноста на лицата вработени во затворот.

Тој тврди дека со внатрешната истрага утврдиле нови детали кои ќе ги соопшти откако ќе заврши истрагата. Смета дека се работи за монтиран случај.

 

Треба да знаете
Последни објави