Search

Директорот на „Фолксваген“ се извини поради изјава која потсетува на нацистички слоган

Извршниот директор на компанијата „Фолксваген“ мораше јавно да се извини, бидејќи тој искористил слоган кој наликува на нацистичкиот „Арбајт махт фрај“ (работата ослободува), со цел да ја илустрира важноста на приходите, пренесува Би-би-си.

Така, Херберт Диес на отворање на свечен настан на компанијата овој вторник, во еден момент го искористил терминот „Ebit macht frei“, што несомнено потсетува на „Arbeit macht frei“, однсно натписот кои стои на влезот на озлогласениот концентрационен логор Аушвиц.

Диес во слоганот го искористил терминот „ebit“, кратенка за „заработка пред камати и даноци“.

„Жал ми е за овој несомнено несреќен избор на зборови“, напиша Диес во својата изјава.

„Во ниту еден момент не сакав моите зборови да бидат ставени во тој контекст. Тоа не беше мојата намера. Кога го реков тоа, оваа можност воопшто не ми падна на ум“, се бранеше директорот на „Фолксваген“.

Треба да знаете
Последни објави