Search

Директорот на „Македонија пат“ не застанал на полициски пункт во Тетово, ќе плати 300 евра казна

Директорот на „Македонија пат“, Беким Мемеди ќе тррба да плати казна од 300 евра оти не го сопрел автомобилот на наредба на полицијата, информираше МВР:

-На 20.05.2020 околу 21.20 часот на улицата Илинденска во Тетово, полициски службеници дале знак за запирање на возило „range rover“ со скопски регистарски ознаки, кое не застанало и продолжило со движење кон Гостивар.  Во 21.40 часот на наплатната рампа Желино возилото било запрено од полициска патрола и било констатирано дека се работи за Б.М., кој се претставил како директор на „Македонија Пат“. По наредба на Јавен обвинител на лицето ке му биде издаден платен налог по член 211 став 4, од Законот за безбедност во сообраќајот.

Од МВР не прецизираа дали директорот имал дозвола за движење во полицискиот час.

Треба да знаете
Последни објави