Search

Директоркaта на кожна клиника заразена со коронавирус

Директорката на Клиниката за кожни и венерични болести, Нина Цаца Билјановска е четврт случај со коронавирус во земјава. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека во моменот истата се хоспитализира. Директорката била на пат во Италија и изминатите пет дена редовно одела на работа.

Добро е што колешката не била изминатите денови во амбуланта, рече Филипче и изрази огромно разочарување од непочитувањето на препораките од страна на здравствен работник.

– На клиниката за инфективни доцна синоќа е утврдено дека таа е позитивна на корона вирус. Сега во овие моменти се хоспитализира на Клиниката за инфективни болести. Морам да изразам крајно разочарување во контекст на непочитувањето на апелите и препораките кои постојано ги упатуваме, а се однесуваат на заштита и одговорно однесување после патувања во ризичните региони. Колешката одела редовно на работа. Земејки го предвид овој факт, исклучително со големо внимание постапуваме со мерките што ги преземаме на Клиниката на кожни болести. Епидемиолози од Институтот за јавно здравје прават проценка на степенот на ризик, на вработените и на пациентите. Можно е согласно одлуката на епидемиолозите, одделот да се затвори целосно. Пациентите кои се таму хоспитализирани исто така ќе се заштитат, утврдено е дека тие можат да го продолжат лечењето во домашни услови. Сите други прегледи ќе бида насочени кон ругите јавно здравствени институции. Таа немала директен контакт со пациенти во амбуланта кои доаѓале изминатава недела. Но имала контакти со членови на нејзиното семејство, со пријатели, по што за сите нив согласно разговорите ќе се донесе соодветна одлука, дали ќе бидат под здравствен надзор, рече Филипче.

– Сега таа е на лекување, ќе има мерки против сите за кои е утврдено дека го загрозуваат јавното здравје. Нема друг начин на заштита освен да се почитуваат апелите и препораките усвоени од Владата. Колешката е хоспитализирана, останатите ќе бидат во изолација. Максимално сум разочаран. Не можеме да ги затвориме границите, ниедна држава не затвора граници. Сите препораки на експертите се самоизолација, како што уште пред две недели препорачавме, за секој кој доаѓа од ризичен регион. Мора да имаме одговорност кон колективното здравје зашто е тоа наш приоритет, додаде Филипче.

Треба да знаете
Последни објави