Search

Директорка на училиште во Облешево го оштетила буџетот за околу 5.000 евра

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.М.(50) од село Облешево за  кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Истрагата утврдила дека осомничената во 2016 и 2017 година, како директор на ОУ „Климент Охридски“ во селото Облешево, во три наврати, спротивно на Законот за јавни набавки, ангажирала фирми за изведување на градежни активности на објектот на наведеното училиште. Фирмите ги ангажирала без претходно спроведена постапки за јавна набавка, со што им овозможиле да се стекнат со противправна имотна корист од 324.795 денари, а на штета на буџетот на општина Чешиново-Облешево.

 

Треба да знаете
Последни објави