Search

Димковски: МЗШВ покажа што значи вистинска грижа за производителите на ориз

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, беше во Кочани, градот познат по производството на еден од нашите светски познати македонски брендови, оризот.

Димковски имаше средба со производителите на ориз на која разговараше за повеќе работи поврзани со производството на ориз, како што е обезбедувањето на квалитетен семенски материјал и рестартирање на Институтот за ориз во Кочани, којшто во моментов се соочува со кадровски и технички недостиг. Истотака се дискутираше и за употребата на заштитни средства и контролата при увозот, за што активно е вклучен Државниот инспкеторат за земјоделство.

“Во насока на поддршка и развој на оризопроизводствто, во изминатите три години неколкупати се зголеми и субвенцијата за оризова арпа. Оваа година висината на директните плаќања за ориз изнесува 25.000 денари по хектар, однесоно 30.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 5 хектари, максимум до 50 хектари со задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал.

Оваа година и цената на оризот бележи пораст, односно од 49 денари за килограм лани, годинава откупната цена на белиот ориз е 58 денари за килограм,  цената на арпата за 2018 изнесуваше 14 денари за килограм, додека пак за 2019 е 25 денари по килограм“- изјави министерот Димковски.

МЗШВ, со оваа Влада во изминатите 3 години активно работи на обезбедување на сите потребни ресурси за земјоделците, вклучително и за производителите на ориз. Кога оризопроизводителите имаа проблем со пласманот, беа донесени дополнителни мерки за анулирање на претпрените загуби од ниските откупни цени на оризовата арпа. Интензивно се работи и на браната Речани, којашто ќе овозможи наводнување на нови 1.500 хектари земјоделски површини.

Во изминатите три години, МЗШВ покажа што значи вистинска грижа за земјоделците и земјоделството. Субвенциите се зголемија, исплатата се одвива редовно, навремено и неселективно. Директната и индиректна поддршка во земјоделството е во историски рекорден износ од над 430 милиони евра.

 

 

Треба да знаете
Последни објави