Search

Димитров се сретна со Холтхоф Пфортнер, министер за сојузни, европски и меѓународни работи на Северна Рајна – Вестфалија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска се сретна со министерот за сојузни, европски и меѓународни работи на Северна Рајна – Вестфалија др. Стефан Холтхоф Пфортнер, кој беше во посета на Република Северна Македонија. На средбата се разменети мислења за европските интеграции на Северна Македонија, осврнувајќи се на разочараноста од исходот на октомврискиот Европски самит и решеноста за конструктивно дејствување со фокус на иднината, соопшти МНР.

Димитров го информираше Холтхоф Пфортнер за постигнатите резултати во клучните реформски области и следните чекори на планот на европската агенда на земјата. На средбата се разгледани можностите за продлабочување на билатералната соработка со оваа германска покраина, за што беа разменети и конкретни иницијативи во оваа насока.

Министерот Холтхоф Пфортнер ја нагласи целта на својата денешна посета на земјава – заедничко утврдување на конкретни мерки за поддршка на планот на билатералната соработка, како и на планот на нашите ЕУ аспирации, оценувајќи ги истите како заеднички интерес и на самата ЕУ.

Посетата на министерот Стефан Холтхоф Пфортнер претставува дополнителна потврда за германското пријателство и поддршка на европската перспектива на нашата земја, наведуваат од МНР.

Треба да знаете
Последни објави