Search

Димитров во Париз: Нашата цел е да станеме европска земја, а тоа пред се’ значи владеење на правото

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на 9 септември 2019 година се сретна со Амели де Моншален, државен секретар во Министерството за Европа и надворешни работи, задолжена за европски прашања, и со Клеман Бон, советник за Европа во кабинетот на претседателот Емануел Макрон.

Во разговорите беа разгледани аспектите од билатералната соработка, како и заедничките стратешки определби за европска и евроатлантска интеграција на Северна Македонија и Регионот. Од наша страна беше истакнато дека добивањето позитивна одлука за Северна Македонија за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ е уважување и конкретно вреднување на очигледните резултати и постигнувања, а што истовремено ќе создаде нов импулс за нас, но и за целиот регион и за ЕУ. Министерот Димитров нагласи дека со Преспанскиот договор “успеавме со нашите грчки пријатели да постигнеме вистински европски компромис во регион каде тешко се прават компромиси. Нашата цел е да станеме европска земја, а тоа пред се’ значи владеење на правото. Имаме голема шанса за заеднички успех во октомври.”

Слични пораки упати Министерот Димитров и на средбите со Салваторе Серавале, заменик Генерален секретар во Секретаријатот за европски прашања при Владата на Франција и со Сенаторот Ален Ришар, а исто така и обраќајќи се до француската јавност, како и во контактите со реномираните медиуми, весниците Le Monde и Le Figaro, порачувајќи дека треба да се искористи оваа историска шанса, и во октомври Северна Македонија и ЕУ да го заодружат и забележат заеднички успех со одлука за отпочнување пристапни преговори со Унијата.

За време на престојот, Министерот Димитров се сретна и со претставници на нашата дијаспора, кои меѓу другите гости присуствуваа на свечениот прием во Амбасадата на Република Северна Македонија во Париз по повод 8 Септември.

Веднаш по работната посета на Париз, министерот Никола Димитров ја продолжува работната турнеја фокусирана на европските аспирации и очекувања на Република Северна Македонија во пресрет на октомвриските Совети на Унијата, со работна посета на Брисел на 10 и 11 септември 2019 година, а последователно и на Берлин на 12  и 13 септември 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави