Search

Димитриевски оствари средба со претставници од Меѓународното полициско здружение ИПА

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска оствари средба со претставници од Меѓународното полициско здружение ИПА, од земјите во регионот Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора, БиХ и Македонија.

„На денешната средба што се одржа во просториите на општината со претставниците од Меѓународното полициско здружение ИПА разменивме искуства и можности за успешна соработка, кои се во насока за продолжување на идните проекти и обуки на Одделот ИПА Македонија, како и за отворање на канцеларија во нашиот град по повод 10 – годишниот јубилеј на ИПА – Регион Куманово, за поддршка и развојна стратегија на полициските службеници”, рече Димитриевски.

Треба да знаете
Последни објави