Search

ДИК: Излезноста на гласањето до 10 часот 6,05 отсто

До 10 часот на првиот круг од Претседателските избори излегле да гласаат 81.869 лица, односно 6,05 проценти, соопшти портпаролот на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска.

Таа додадека дека на гласачките места веќе три и пол часа гласањето тече без некои неправилности.

-Со задоцнуваање од еден час беше отворено едно гласачко место во Општина Боговиње со број 2073. И таму гласањето е веќе почнато и тече без проблеми, а ќе биде продолжено за онолку колку што траеше прекинот. Едно гласачко место во општина Студеничани 2344 до овој момент се уште не е отворено. Со оглед дека отворањето доцни повеќе од три часа таму гласањето денеска нема да се одржи, соопшти Гугучевска.

Треба да знаете
Последни објави