Search

Дизни ќе ја организира својата прва официјална геј-парада

Дизниленд во Париз на 1 јуни ќе биде домаќин на геј-парада, со што ќе стане прв парк на Дизни кој официјално организирал ваков ЛГБТ-настан.

,,Разновидноста и еднаквоста се силни вредности во Дизниленд Париз и секоја година ние сме домаќини на милиони посетители, без оглед на нивното потекло, пол или сексуална ориентација”, изјави портпаролот на компанијата ,,Волт Дизни” за Ен-би-си. ,,Ние сме посветени на создавање пријатна средина за сите посетители и каде што магијата е за секого”.

Настанот ,,Волшебна гордост” првпат започна во 2014 година како неофицијален настан во Европскиот парк, но од оваа година, годишната прослава ја презеде компанијата ,,Волт Дизни”.

Треба да знаете
Последни објави