Search

Дибала после мечот влегол во соблекувалната на барса и бара лда го замени дресот со Педри

Барселона многу полесно од очекувањата го победи синоќа Јувентус и тоа среде Торино во меч од ЛШ, и тоа со 2:0. За головите, за шансите на Барса, за анализата на Капело, за трите поништени голови на Мората и за самиот меч се е кажано, но еден гест на Пауло Дибала, според каталонскиот “Спорт“ секако вреди да се спомене.

Аргентинецот после мечот влегол во соблекувалната на гостите и го побарал Педри, тинејџерската сензација на клубот од “Камп Ноу“. Сакал да му честита, но и да го замени дресот со младиот играч на Барса.

Педри одново доби шанса од Куман, одново беше стартер и одново ја воодушеви јавноста со одличната партија за својот тим.

Треба да знаете
Последни објави