Search

Де Бруин аут до крајот на сезоната за дуелите во Премиер лигата

Плејмејкерот на Манчестер Сити, Кевин де Бруин ќе го пропушти утрешното дерби против Манчестер Јунајтед, како и сите натпревари до крајот на сезоната во Премиер лигата, тврдат медиумите на Островот.

Белгиецот има мала повреда на тетивата што ја доби за време на дербито со Тотенхем (1:0) за време на викендот. Се претпоставува дека Де Бруин ќе пропушти две недели пред да продолжи со целосни тренинзи.

Сепак во кампот на „граѓаните” се надеваат дека ќе биде подготвен за финалето на ФА Купот против Ватфорд.

Бенџамин Менди, исто така, е неизвесен за утрешното дерби на „Олд Трафорд” по пропуштањето на вчерашниот тренинг на Манчестер Сити.

Треба да знаете
Последни објави