Search

Дечко и девојка од Скопје принудувале малолетничка на проституција

Дечко и девојка од Скопје биле уапсени откако истрагата утврдила дека подведувале 16 -годишна малолетничка на секс со други лица за што добивале паричен надомест. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги-единицата за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Б.Б.(23) и С.Р. (20), осомничени за кривичните дела трговија со дете. Судија на претходна постапка на двајцата им одреди притвор од 30 дена.

Како штп информира МВР, откако социјалните служби пријавиле дека малолетничката била подведувана, полицијата утврдила дека Б.Б. бил тој што ја подведувал на вршење полови дејствија и давање на сексуални услуги на други лица, за што од нив земал за себе одреден паричен надомест. Во наоѓање лица за давање на сексуални услуги, освен Б.Б. учестувала и девојката С.Р.

„По добиената информација, Министерството за труд и социјална политика во координација со МВР ги презеде сите неопходни мерки за заштита и психо-социјална поддршка на малолетната, жртва на трговија со луѓе. На девојката и се направени сите потребни лекарски прегледи и во моментот е сместенa во соодветна институција“, велат од МВР.

Од ОЈО скопје информираат дека двајцата осомничените во поединечни случаи, најпрвин ја прифаќале и ја засолнувале 16-годишната малолетничка, а потоа ја подведувале на вршење полови дејствија со други лица.

„Исплатените пари за услугите што ги давала оштетената ги земале осомничените, а за возврат и обезбедувале престојувалиште и ѝ набавувале опојни дроги“, велат од ОЈО.

Треба да знаете
Последни објави