Search

Децата на Пинк трчкаа околу споменикот на холокаустот во Берлин

Пејачката Алесија Мур, попозната како Пинк, помина неколку дена во Берлин каде што одржа концерт, а таму ги поведе и своите деца, осумгодишната ќерка Вилоу и двегодишниот син Џејмсон.

На „Инстаграм“ објави фотографија на која се гледаат нејзините деца кои трчкаат околу споменикот на холокаустот, што ги вознемири нејзините следбеници.

Иако во описот на фотографијата таа напиша дека нејзините деца се Евреи по нејзината мајка, обожавателите сметаат дека не требала да им дозволи да трчкаат таму.

Пинк напиша дека американскиот архитект Петар Ајзенман, кој го изградил споменикот, верувал дека децата треба да бидат деца, но и дека нема проблем со тоа дека луѓето што го посетуваат не се само тажни и уплакани додека се таму.

Треба да знаете
Последни објави