Search

Детска меѓуопштинска олимпијада

Утре, 09.10.2019 г. (среда), во 10,30 ч. во спортскиот балон на ОУ ,,Петар Здравковски Пенко,, ( веднаш до градинката ,,11 Октомври,,) ќе се одржи детската меѓуопштинска олимпијада за дечињата од предучилишните установи во скопските општини. Годинава домаќин ќе биде детската градика ,,11 Октомври,, од Општина Бутел. Со оваа манифестација се одбележува детската недела и патрониот празник на градинката. Под мотото ,,НЕКА ПОБЕДИ НАЈВЕСЕЛИОТ,, ќе се натпреваруваат 300 дечиња од скопските општини: Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари, Чаир, Аеродром, Центар, Кисела Вода и Ѓорче Петров.

Детската олимпијада ќе ја отвори градоначалникот Велимир Смелевски.

Треба да знаете
Последни објави