Search

Деспотовски: СДСМ ќе излезе посилен после овој процес

Директорот на ТИРЗ и можен кандидат за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека СДСМ ќе излезе посилен после процесот на внатрепартиски избори.

-Во партијата има храбри луѓе, и луѓе кои не се плашат од предизвици. Има луѓе кои се подготвени да го носат бремето на одговорноста во вакво сериозно време, посочи Деспотовски.

Тој денеска на прес конференција рече дека сериозно размислува да се кандидира за претседател на СДСМ.

-Член сум на партијата 25 години и сум поминал различни нивоа од почетното најниско, до член на највисоките раководни структури на партијата. Сметам дека имам реални резултати во мојот професионален ангажман така што сметам дека можам да понудам и нов концепт околу кој ќе се обединат не само партијата, туку и општеството. Одлуката не е лесна. Предизвикот е голем, времето е доста комплицирано и одговорноста е голема. Одлуката ќе ја соопштам утре, бидејќи сакам денеска да го искористам денот да се исконсултирам дополнително со моите најблиски и со моето семејство зашто и нив ги вовлекувам исто така во целата приказна, рече Деспотовски во одговор на прашање на денешната средба со новинарите во Дирекцијата на ТИРЗ.

Треба да знаете
Последни објави