Search

Десет факти зошто Филипче мора да си даде оставка

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Десет факти зошто ВМРО-ДПМНЕ има кристално јасен став Венко Филипче да си даде веднаш оставка.

1.Тој го доведе здравството на колена, не го подготви за долгонајавуваниот есенски бран, ги остави болниците без основни материјали, болнички кревет за болните нема.

  1. Филипче овозможи екстра профит на приватните болници додека државното здравство е во колапс,
  2. Пациентите не може да добијат терапија во државното здравство која ја има во приватното
  3. Филипче ја направи Македонија држава со убедливо најголем број на заразени и починати на милион жители споредено со соседните држави, со ЕУ.
  4. Според Ворлдометар, Македонија со бројка од 2.8% е со највисока стапка на смртност на Балканот. Или, Босна и Херцеговина има стапка на смртност од 2.6%, Албанија и Бугарија со 2.2%, потоа е Црна Гора со 1.4%, додека Хрватска и Србија имаат стапка на смртност од 1.2%.
  5. Во Македонија бројката на починати е пет пати поголема од онаа на светско ниво. Или во Македонија бројот на починати лица на милион жители е 646, додека пак бројот на починати лица на милион жители, на светско ниво е 171.
  6. Македонија е на дно по бројката на тестирани лица. Колку за илустрација. Словенија која по број на жители речиси колку и Македонија, досега има направено 447.973 тестови, односно 215.470 на милион жители, што е околу 35% повеќе тестирани од Македонија.
  7. Нема никаква одговорност за пропустите на менаџментот во здравството. Директорката за кожни болести Цаца која ја донесе заразата Филипче ја врати на работа.
  8. Во Штип почина мајка и сопруга затоа што никој не и дал кислород
  9. Филипче треба да си даде оставка затоа што додека дневно умираат по 40 луѓе неговата влада дозволи да распише избори во Штип.

Токму поради сите овие факти и поради тоа што граѓаните се оставени сами на себе одговорност мора да има.

 

 

Треба да знаете
Последни објави