Search

Десетте најплатени играчи во Евролигата, Миротиќ е на врвот

Популарниот кошаркарски портал „Јурохупс“, секогаш добро упатен во сите случувања во овој спорт, ја објави листата на најплатените играчи воа Евролигата.

Далеку пред останатите, на првото место е шпанскиот репрезентативец Никола Миротиќ. Лидерот на Барселона годишно инкасира 5.000.000 долари. Следен е играчот на актуелниот европски шампион Анадолу Ефес Шејн Ларкин со 4.000.000 долари годишно.

Зад Ларкин е неговиот соиграч Василије Мициќ со плата од 3.300.000 долари. Број 4 на листата е сонародникот на Мициќ, Милош Теодосиќ со плата од 2.100.000 долари.

. Листата на десетте најплатени играчи ја комплетираат Вил Клајбурн од Ефес, Мајк Џејмс од Монако, Николо Мели и Кевин Пангос од Олимпија Милано, Томас Саторански од Барселона и Токо Шенгелија од Виртус, сите имаат по 2.000.000 милиони долари годишно.

Треба да знаете
Последни објави