Search

Десетина заробени под урнатините на двете срушени згради во Марсеј

Две лица се здобиле со помали повреди откако две згради се срушија рано утринава во францускиот град Марсеј, соопшти денеска противпожарната служба на Франција.

Уривањето на зградите предизвикало голем облак од прав, а на самото место на несреќата забалежано е зголемено присуство на пожарникари и полицајци со кучиња трагачи, објавуваат медиумите.

Најмалку 12 луѓе сезатрупани во урнатините на две згради кои се срушија во квартот Ноилес во центарот на францускиот град Марсеј, пренесуваат тамошните медиуми. Едната зграда имала пет, а другата шест ката.

Околу 60 пожарникари во моментов ги пребаруваат урнатитните за да утврдат дали има жртви. Вкупниот број на повреди е непознат, меѓутоа, две лица наводно, претрпеле помали повреди.

“Живеам преку улица. Гледав ТВ кога чув силен звук, но немаше експлозија. Тогаш надојде чадот, изјави Антонио Диаз.

Една од зградите што се распаднала, наводно, била во доста лоша состојба. Прозорците ѝ биле покриени со штици, а фасадата распуканата на повеќе места.

Локалните медиуми известуваат дека една од соседните згради исто така може да се урне. Третата зграда во близина е евакуирана.Според локалните власти, поради лошата состојба на објектите било дадена наредба истоте да се испразнат, но не е ислучена можноста во нив да живееле бездомници.

Причина за колапсот на зградите не е позната.

Треба да знаете
Последни објави