Search

Денови на екологијата: Онлајн со природата во Општина Бутел

Пред споменикот на Никола Јонков Вапцаров во паркот пред Општина Бутел денеска почна одбележувањето на Денот на екологијата. Манифестацијата ја отворија градоначалникот Велимир Смилевски и Заменик министерот за екологија, Јани Макрадули.

Денеска домаќин беше ОУ ,,Живко Брајковски,, со еколошката тема: ,,Отпад и како да се искористи хартијата што се фрла,,. Учениците поделени во пет групи извршуваа најразлични активности. На хамер се пишуваа еко пораки, се садеа дрвца и цвеќиња, од рециклирана хартија се правеа брикети, украсни предмети и накит. Најзначајна беше дебатата што се водеше меѓу учениците и зам. Министерот Јани Макрадули и градоначалникот Велимир Смилевски. Паднаа значајни прашања и одговори на темата што се обработуваше, но и воопшто за екологијата во општината и нашата држава.

Макрадули беше мошне задоволен од оваа манифестација со која, како што кажа младите ги засрамуваат возрасните за нивото на свеста кога е во прашање зачувувањето на животната средина.

Градоначалникот Велимир Смилевски истакна дека битката за поздрава животна средина е наша секојдневна обврска во која активно треба да се вклучат не само најмладите, туку и возрасните граѓани. Тој уште еднаш потсети на останатите активности што ќе се одржат во текот на оваа и наредната недела. Еве уште еднаш потсетување за активностите во наредните денови:

  • Почвата околу училиштето ( ОУ ,,Ацо Шопов,,) 20.03.
  • Здравјето и благосостојбата ( СЕПУГУС ,,Арсениј Јовков,,) 21.03
  • Биодиверзитетот и природата ( ОУ ,,Гоце Делчев,,) 22.03
  • Глобално граѓанско движење ( Граѓански еколошки здруженија) 25.03.2019, понеделник, пред споменикот на НЈ Вапцаров
  • Климатски промени (ОУ ,,Лиман Каба,,) 26.03
  • Енергија (ОУ ,,Панајот Гиновски,,) 27.03
  • Храна (,,ОУ ,,Петар Здравковски Пенко,,) 28.03
  • Водите и почвата ( ОУ ,,Св. Климент Охридски,,) 29.03
  • Вози велосипед за почист Свет- завршна манифестација 30.03.2019, сабота, пред споменикот на НЈВапцаров.

Сите одбележувања ќе траат од 11,00 – 13,30 ч. и покрај учениците и дечињата од градинките учество ќе земат и родителите, односно граѓаните на Општина Бутел, а ќе бидат обезбедени и соодветни експери за конкретните теми што ќе се обработуваат. На крајот ќе бидат наградени трите најуспешни тимови, најдобриот ,,еко стрип,, ќе се доделат пофалници,  благодарници и планинарски ранци.###

 

Треба да знаете
Последни објави