Search

Демонстрант се „залепи“ за воз во Лондон

Еден човек денес се залепи за воз во деловниот кварт Канари Варф во источен Лондон, во знак на протест поради климатските промени.

Тој со суперлепило ја залепи раката за стаклото на вагонот, објави британски „Метро“.

Учесниците на протестот, маж и жена, активисти на групата „Бунт против изумирање“ рекоа дека се работи за мирен протест, и додека жената носеше транспарентен во врска со климатските промени, човекот во јакна се залепи за воз, пренесува „Дејли стар“.

Поради страв дека активистите можат да им пречат во работата, бесплатниот интернет е исклучен на станиците во метрото.

Инаку активистите најавија дека ќе се залепат за возовите за да ја прекинат нивната работа”, а сè со цел „да се привлече внимание на штетата што човештвото ја направи во животот на земјата.”

„Тоа е прашање на живот и смрт, без оглед на тоа дали живеете во Тајпеј, Мелбурн, Мумбаи”, се вели во соопштението на групата.

Овој инцидент е само еден од низата организирани во изминатите три дена, при што речиси 300 активисти беа уапсени во Лондон.

Протестите доведоа до затворање на патиштата, метеж во сообраќајот и сериозно нарушување на сообраќајот, што погоди околу половина милион граѓани.

Треба да знаете
Последни објави