Search

Демонстрантите во Хонг Конг ќе одржат собир за солидарност со Каталонците

Демонстрантите во Хонг Конг вечер планираат да одржат собир со кој ќе покажат солидарност со учесниците на протестите во Каталонија.

Каталонците излегоа на улиците за да изразат незадоволство од затворските казни што ги добија нивните сепаратистички лидери.

Протестите во тој најбогат шпански регион споделуваат неколку сличности со Хонг Конг, каде што се одржуваат демонстрации веќе пет месеци поради се поголемата контрола  над автономниот регион.

Повеќето демонстранти во Хонг Конг сакаат посилна демократија, иако помал процент повикуваат на независност, што претставува црвена линија за комунистичките власти во кинеската престолнина.

Некои демонстранти во Хонг Конг во неделата го мавтаа знамето на Каталонија, а активисти од шпанскиот регион користеа некои од тактиките од кинескиот град.

Треба да знаете
Последни објави