Search

Демонстрантите во Либан и натаму блокираат патишта, бараат брзо формирање нова влада

Антивладините демонстранти во Либан ги блокираа патиштата околу  државните институции со цел да извршат притисок за брзо формирање на новата влада, јави ДПА.

Дел од улиците во главниот град Бејрут и во северниот и источниот дел на земјата, како и училиштата, универзитетите и банките, се затворени, додава агенцијата.

Голем број студенти-демонстранти ги блокираа патиштата кои водат до Палатата на правдата, во која се наоѓаат главните судови во земјата, како и дел од министерствата.

Нашата главна цел е цела држава да излезе на генерален штрајк, со цел нашите лидери да не слушнат и да се свртат кон формирање на новата влада, составена од експерти“, наведуваат студентите.

Либан е преплавен со антивладини простести уште од 17-ти октомври, а како главна причина се наведува се одност на владејачката елита и државната корупција.

Националните протести во кои учествуваат илјадници демонстранти, од кои повеќето се студенти, успеаа да го присилат премиерот Саад Харири на 29 октомври да поднесе оставка.

Сега демонстрантите се обидуваат да го притиснат претседателот Мишел Аун да свика консултативен референдум, што е неопходен за избор на нов премиер.

Политичкото ривалство постојано го одлага формирањето на новата влада, со што земјата ја носи во натамошни политички и економски превирања.

Треба да знаете
Последни објави