Search

Демократски сојуз: Со иницијативата на Уставниот суд се рушат темелите на државата

Иницијативата на Уставниот суд да ги врати на сила одлуките на Ѓорге Иванов за аболиција на 56 лица носители на високи државни и политички функции, инволвирани во тежок криминал, претставува театар на апсурдот.

Сето ова создава неподнослива реа на повторен обид за амнестија, за поништување на сите случаи на СJО и за создавање нова коалиција меѓу криминалот и политиката. Сето тоа, во пресрет на вонредните парламентарни избори, ќе предизвика силен револт и протести на граѓаните, кои само до пред три години демонстрираа по улиците со слоганот НЕМА ПРАВДА -НЕМА МИР.

Демократскиот сојуз очекува решителна реакција од партиите на власт, невладиниот сектор, медиумите и слободномислечките граѓани. Ги повикуваме на протести, а од членовите на Уставниот суд бараме итни оставки.

Крајно време е Парламентот да се разбуди и да ги разреши.  Доколку продолжи постапката на Уставниот суд за ставање во сила на аболициите на Ѓорге Иванов, се губи и логиката за одржување предвремени парламентарни избори, бидејќи тие ќе ја кулминираат кризата во државата.

Треба да знаете
Последни објави