Search

Демократски сојуз: Измени на изборниот законик

Демократскиот соjуз до Собранието на Република Северна Македонија достави Предлог-Закон за изменување на Изборниот законик,со кој се бара промени на изборниот модел,при што најбитна промена е Македонија да биде една изборна единица  при избор на пратеници.

Со промените ќе се демонтира “еднопартискиот систем”,ќе се создадат услови за суштински и системски промени во начинот на владеење,ќе се зголеми одговорноста на извршната власт,посебно на премиерот и министрите,Парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните и  ќе имаат можност на избор. Досега на секои парламентарни избори од 100 до 150 илјади гласови,согласно Донтовиот модел се прелеваа кај поголемите партии,се создаваа услови за авторитарно владеење и наместо владеење на правото имаме целосна партизација на државните институции,за се одлучуваат партиите на власт и целосна зависност на законодавната и судската власт од партиите. Освен околу бројот на изборните единици,измени се неопходни и во врска со финансирање на изборната кампања,финансирање на редовната активност на партиите,медиумското преставување,редоследот на партиите на гласачкото ливче итн.

Со промените на Изборниот законик треба да се создадат еднакви шанси за сите политички партии.

Предлог-законот може да го најдете на следниот линк: http://www.demokratskisojuz.org.mk/proekt-dekri-ns_article-predlog-zakon-za-izmenuvanje-na-izborniot-zakonik-na-republika-severna-makedonija.nspx

Анализата една изборна единица како најдемократско решение може да ја најдете на следниот линк: http://www.demokratskisojuz.org.mk/proekt-dekri-ns_article-predlog-zakon-za-izmenuvanje-na-izborniot-zakonik-na-republika-severna-makedonija.nspx

Треба да знаете
Последни објави