Search

Деми Мур се кае што се согласила да има секс во тројка со поранешниот сопруг Качер

Долгоочекуваните мемоари на холивудската актерка Деми Мур, конечно, на 24 септември ќе се најдат на полиците на книжарниците. Тоа е книга наречена Inside Out, во која 56-годишната актерка ги открива своите најскриени тајни и детали од животот што го знаеле само нејзините најблиски.

Кога веќе беше откриено во „Њујорк тајмс“, кој објави делови од мемоарите, Деми Мур кажа сè за своето растење, за зависностите со кои се борела, како и за досега непознатиот дел од нејзиниот живот со Ештон Качер. Малкумина знаеја дека Деми Мур била бремена со него и требало да роди девојче, но во шестиот месец од бременоста го загубила бебето.

Но, тоа не е сè што таа откри за нејзиниот поранешен млад сопруг. Таа се осврна на неговата вонбрачна афера со Бритни Џонс и Сара Лил, како и за сексот во тројка на кој ја наговорил. Нивната врска почнала во 2003 година, а две години подоцна тие решиле да стапат во брак.

Деми Мур сакала да му роди бебе, па затоа отишла на потпомогнато оплодување, но не успеало. Тогаш почнала нивната борба да го спасат бракот. Во мемоарите таа напиша дека Ештон во еден момент ѝ предложил секс во тројка, а таа признава дека се согласила само за да му докаже на својот 15 години помлад сопруг дека е кул сопруга. Двапати учествувала во тоа, но сфатила дека е грешка.

Треба да знаете
Последни објави